Сликовницата прикажана во пост не е дел од образовниот систем на Германија

Сликовницата има едукативен карактер и е наменета за родители, старатели и воспитувачи како прирачник на тема сексуално образование. Сликовницата  не е учебник кој се користи во официјалната наставна програма во Германија

-

Сликовницата има едукативен карактер и е наменета за родители, старатели и воспитувачи како прирачник на тема сексуално образование. Сликовницата не е учебник кој се користи во официјалната наставна програма во Германија, а тоа за странски проверувачи на факти го потврдиле образовните власти на 15 германски покраини, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој содржи неточни тврдења за сликовница на германски јазик наменета за родителите и старателите кои сакаат да разговараат на тема сексуално образование со децата.

Пред извесно време некој рече дека во Германија нема вакви работи. Неинформираноста и рамнодушноста на возрасните е најголемиот непријател на децата, стои во објавата што ја рецензираме.

Постот е придружен од фотографија на која се прикажани две страници  со илустрации, а на самата фотографија пишува „за едукација на децата од предучилишна возраст во Германија“

Вака постирана фотографијата во комбинација со описот на постот, алудира на тоа дека книгата или сликовницата е дел од образовниот систем на Германија. Така го сфатиле и оние кои коментирале под постот, но и дел од оние кои го споделиле истиот.

Но, не е точно дека сликовницата е дел од образовниот систем на Германија за претшколска возраст.

Станува збор за едукативна сликовница „Von wegen Bienchen und Blümchen! Aufklärung, Gefühle und Körperwissen für Kinder ab 5!“ (во превод „Толку за пчелите и цвеќињата! Просветлување, чувства и знаење за телото за деца над 5 години“), која е наменета за родители, старатели и воспитувачи како прирачник на тема сексуално образование. Објавена е на крајот на март 2021 година, а автори се сексологот Карстен Милер и илустраторката Емили Клер Волкер, пишува Истиномер.

Целта на сликовницата, како што е објаснето на веб-страницата на издавачката куќа, е „на разигран и модерен начин да се осврне на теми поврзани со сексуалното образование, чувствата и познавањето на телото“.

Сликовницата нуди совети за сексуално образование на родителите или воспитувачите и им помага рано и правилно да ги информираат децата. Притоа, се истакнува нов пристап кој, на пример, претставува современи семејни слики или идеи и концепти надвор од бинарните родово-идентитетски категории, што ги поттикнува децата да ги истражуваат сопствените чувства, но и да научат да поставуваат физички граници. Познавањето и способноста да се именуваат овие граници им помага на децата во нивниот самостоен развој и затоа раното сексуално образование е една од најважните мерки за спречување на сексуалното насилство врз децата, потенцираат авторите на сликовницата.

Сликовницата, сепак, не е учебник кој се користи во официјалната наставна програма во Германија, како што се тврди во објавата. Оваа информација за „Франс прес“ ја потврдиле образовните власти на 15 германски покраини. Покраината Хамбург не одговорила на прашањата на АФП, но книгата не е спомната во нејзините упатства за сексуално образование.

Во Германија, Сојузниот центар за здравствена едукација (БЗгА) добил задача од државата да развие и дистрибуира национални мерки за сексуално образование и планирање на семејството, наведува АФП. Одговорноста за сексуалното образование е на министерствата за образование на секоја сојузна држава, од кои некои составиле списоци на учебници препорачани или одобрени од нивните оддели, додека други им оставаат слобода на избор на наставниците.

Иако содржината на сликовницата може да изгледа шокантна за многу луѓе со конзервативни ставови, треба да се нагласи дека во Германија децата имаат сексуално образование на рана возраст, а од 2002 година сексуалното образование е задолжително во сите германски сојузни покраини. Група автори (Тереза ​​Блашка, Антонија Димер, Нели Карш, Аниша Мохил, Александар Пиркебнер и Мариса фон Волф) пишуваат за сексуалното образование во германските училишта во исцрпна статија, а научните трудови на оваа тема зборуваат за добрите резултати од ваквиот пристап кон образованието на децата, пренесува Фактограф.

Од сето ова можеме да заклучиме дека сликовницата има едукативен карактер и е наменета за родители, старатели и воспитувачи како прирачник на тема сексуално образование. Сликовницата  не е учебник кој се користи во официјалната наставна програма во Германија, а тоа за странски проверувачи на факти го потврдиле образовните власти на 15 германски покраини. Според тоа, постот што го анализираме, го оценуваме како невистинит.

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник - Денот на Светите Кирил и Методиј. На свеченоста се...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член...

Платформата на граѓански организации за борба против корупција со реакција врз преговарањето за „Договор Влада со Влада“

Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на нетранспарентноста на процесот на преговарање на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со...

Израелската војска соопшти дека 107 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа

Хуманитарните работници кои се обидуваат да ја распределат ограничената помош што влегува во опколената Појас Газа ја опишуваат ситуацијата како логистички „кошмар“ среде влошувачка хуманитарна криза, пренесува Ројтерс. „Со ова ограничено количество...

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник - Денот на Светите Кирил и Методиј. На...