„Скопје тату шоу“ ќе ги собере на едно место ентузијастите за тетоважи и уметниците

Настанот ќе се одржи на 26 и 27 август во хотелот „Парк“ и ќе биде од компетитивен карактер – на крајот од конвенцијата ќе бидат доделени награди за најдобрите тетоважи во повеќе категории

Photo by benjamin lehman on Unsplash

Кон крајот на месецов, Скопје ќе биде домаќин на „Скопје тату шоу“ (Skopje Tattoo Show 2023), настан кој ќе ги собере ентузијастите за тетоважи, уметниците и љубопитните умови и на кој ќе бидат прославени уметноста, културата и самоизразувањето преку тетовирањето.

На конвенцијата за тетовирање ќе гостуваат познати домашни и странски тату артисти, а посетителите ќе имаат можност да видат како работат овие мајстори и, доколку имаат желба, да се тетовираат.

Настанот ќе се одржи на 26 и 27 август во хотелот „Парк“ и ќе биде од компетитивен карактер – на крајот од конвенцијата ќе бидат доделени награди за најдобрите тетоважи во повеќе категории.

На конвенцијата се најавени и музички настапи, танцов перформанс, предавање за психологијата на телесната уметност и работилници.