fbpx

Скопјaни се приклучија на хуманитарниот концерт „Спас за Украина-Стоп за војната“

-

На плоштадот „Македонија“ скопјани се собраа за заедно со Украинците кои живеат тука да го проследат хуманитарниот концерт насловен Спас за Украина-Стоп за војната кој се емитуваше од Варшава со вклучувања во живо и од бројни светски престолнини.

Тие со украински и македонски знамиња во рацете и солзи во очите го гледаа настанот на кој познати музичари меѓу кои Стинг, Ед Ширан, Брајан Адамс, групата „Ју ту“, Мадона, Имани, „Имеџин Драгонс“, Елтон Џон, а и многу активисти, актери, спортисти, уметници и волонтери од целиот свет порачаа дека бруталната војна која руската федерација ја води во Украина треба што побргу да запре.

„Многу сме благодарни за поддршката која постојано ја добиваме од Северна Македонија. Секојдневно ми се јавуваат граѓани кои се интересираат како можат да помогнат. Иако денес е викенд и многумина се негде отидени сепак многумина одвоија време да ни се придружат тука. Она што се случува во Украина е страшно, но ние ќе издржиме. Ние сме демократска земја, а веќе еден месец украинскиот народ се бори за својата слобода, независност и суверенитет“, изјави украинската амбасадорка Наталија Задорожњук во разговор со Мета.мк.

Апел за помош на Украина: поставен шатор за хуманитарни донации на плоштадот „Македонија“

Концертот чиј пренос на скопскиот плоштад го организираше Амбасадата на Украина во земјава, го следеше и американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз, а и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...