fbpx

Сирија: Досега загинале 215.000 лица

-

Повеќе од 215.000 лица загинаа од почетокот на конфликтот во Сирија на 15 март 2011 година, соопшти сириската опозициска Организација за човекови права.

Според нивните податоци, од почетокот на февруари загинале најмалку 5.000 лица.
– Регистриравме вкупно 215.518 загинати во четиригодишната војна, вклучувајќи и 66.109 цивили – изјави Абдел Рахман, директор на организацијата, која своите податоци ги темели на широка мрежа извори во Сирија.
Организацијата, исто така, соопшти дека меѓу загинатите цивили има 10.808 деца, додека на страна на бунтовниците настрадале 39.227 лица. Во оваа бројка влегуваат и курдските борци.
Џихадистите на Исламска држава и Фробт ел Насра загубиле 26.834 борци.
На страна на режимските сили, загинале 46.138 војници, 30.662 припадници на националните одбранбени сили, 674 припадници на либанското радикално движење Хезболах и 2.727 шиити од други земји, кои се борат на страна на сириските власти.
Рахман соопштил дека регистрирал 3.147 неидентификувани тела и дека 20.000 лица се наоѓаат во сириските затвори. Тој додаде дека непозната е судбината на неколку илјади цивили и борци од двете страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...