fbpx

Синот на чеченскиот лидер Кадиров на 15 години доби „проминентна“ безбедносна позиција

Адам Кадиров, синот на лидерот на чеченската република Рамзан Кадиров, претходно падна во очите на јавноста кога татко му постираше видео од тоа како малиот Адам клоца и удира затвореник кој бил обвинет за палење на Куранот

-

Лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров го назначил својот 15-годишен син на неспецифична „проминентна“ позиција во безбедносните служби, објави американската непрофитна организација Институт за изучувањето на војни (ISW), а известува Јуроњуз.

Иако иницијално се известило дека на Адам му била дадена висока позиција во однос на телохранителите на татко му, од претходно наведениот институт велат дека постои забуна во однос на тоа која е точната позиција на младиот Адам во чеченскиот безбедносен сектор.

Сепак, од неколку високи чеченски политички функционери, вклучувајќи го претседателот на чеченскиот парламент Магомед Даудов, изјавија дека е вистина оти синот на чеченскиот лидер бил поставен на „важна“ висока позиција.

Некои чеченски функционери, пак, велат дека Адам бил назначен како главен во безбедносните служби.

Рамзан Кадиров сѐ уште нема коментирано за ваквите информации.

Инаку, младиот Адам Кадиров ѝ стана познат на јавноста откако татко му Рамзан Кадиров објави видео каде што тинејџерот Адам клоцал и удирал чеченски затвореник кој бил обвинет за горење на Куранот. Ова видео беше критикувано дури и од некои од најголемите поддржувачи на руската влада.

Ваквата состојба во Чеченија не е за чудење, земајќи го во предвид фактот дека Рамзан Кадиров на времето го водеше безбедносниот сектор за време на владеењето на неговиот татко, претседателот Ахмат Кадиров кој почина во 2004 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...