fbpx

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје бара изземање од ограничувањето за додатоци на плата

-

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје реагира на уредбата со која се врши ограничување на исплатата на додатоците на плата за април и мај и бара пожарникарите да бидат изземени од неа.

Синдикатот во соопштение наведува дека се свесни за состојбата во која се наоѓа државата, но сметаат дека пожарникарите имаат несоодветен третман.

– Бараме да ни биде удоволено нашето барање за изземање од оваа одлука и сакаме да знаете дека пожарникарите се големи во срцата и душите и со сите ризици кои ги носи оваа професија ќе ги издржат и ќе бидат и понатаму сервис на граѓаните. Сепак мислиме дека, како што припадниците на специјалните единици „Тигар“ и „Волци“ во рамките на МВР и МО интервенираат само во исклучителни ситуации, а нив не ги опфаќа оваа уредба, така и ние треба да бидеме ставени во редот на униформирани интервентни служби и така да бидеме третирани во овој случај,“ се вели во соопштението на Синдикатот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...