По повод Денот на англискиот јазик, „Чивнинг“ стипендистите читаа дела од Шекспир

По повод Денот на англискиот јазик и 404 години од смртта на големиот британски драматург и поет Вилијам Шекспир (историчарите сметаат дека тој исто така бил роден на денешен датум), Британската амбасада – Скопје објави серија видеа од македонските „Чивнинг“ стипендисти како читаат литература од Шекспир, дел на англиски, но и на македонски јазик.

– Денеска го одбележуваме Денот на англискиот јазик но и 404 годишнината од смртта на поетот, драматург, актер и најголемиот писател на Англиски јазик – Вилијам Шекспир, напиша британската амбасадорка во Скопје, Рејчел Галовеј на Твитер.


Делата кои ги читаа стипендистите ја вклучуваа трагедијата „Хамлет“:


Но и препеви на македонски јазик на дел од Шекспировите сонети:

Инаку, од 2008 година наваму јавноста бесплатно ѝ се достапни дигиталните верзии на 11 драми од Шекспир во одличен превод на македонски јазик од проф. Драги Михајловски.

Преводите можат да се најдат на следниот линк.

Преводите беа објавени под лиценца „Криејтив комонс“ како дел од иницијативата на Фондацијата Метаморфозис за промоција на слободната култура, а може да се симнат од порталот CC.org.mk и во форма на една е-книга и како посебни изданија.