fbpx

Шести ден блокада на Евзони – Богородица

-

Сообраќајот на граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница, и денеска, шести ден по ред е блокиран во двата правца поради протестот на грчките земјоделци, кој почна на 30 јануари.

Од Автомото-сојузот на Македонија соопштија дека премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

Од АМСМ информираат дека на патиштата е намалена видливоста поради појава на магла и тоа: во Струмица 100 – 200 метри, Велес до 50 метри, Неготино до 100 метри, Демир Капија до 200 метри, Удово до 100 метри, Гевгелија до 50 метри, Скопје – Катланово и акопска обиколница 10 – 15 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по на места влажни коловози. Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...