fbpx

Шелинг е оптимист дека ќе се постигне договор со Грција

-

Австрискиот министер за финансии, Ханс Јерг Шелинг, рече дека шансите за постигнување нов договор за помош на Грција е 60 спрема 40, пренесува австриската новинска агенција АПА.

Шелинг изјавил дека соодносот може да се смени само ако Грција обезбеди гаранции за примена на реформите.
– Ако нема гаранција, тогаш тој сооднос нема да се смени – рече Шелинг за Радио ОРФ.

Министрите за финансии на еврозоната денеска во Брисел ќе ја разгледуваат оцената на Европската комисија, Европската централна банка и на Меѓународниот монетарен фонд во врска со предлозите на Атина за економските реформи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...