fbpx

Шекеринска во Охрид вети директна поддршка за младите да останат во Македонија

-

Нашиот план за живот во Македонија е план кој гарантира, обезбедува, младите од целата наша држава да останат во татковината, тука да создаваат семејство, тука да најдат работа, тука да ги најдат своите шанси за успех, рече денеска во Охрид, Радмила Шекеринска, заменик-претседателка на СДСМ и носителка на листата во петтата изборна единица.

Според Шекеринска, невработеноста на младите во Охрид е проблем број еден, а градот се празни и младите си заминуваат затоа што не гледаат шанса за пристоен живот или за каква било работа.

– Токму поради тоа, во „Планот за живот во Македонија“ предвидуваме 140 милиони евра насочени кон домашните компании, за да создаваат нови работни места и за да обезбедуваат повисоки плати. Дополнително, ќе обезбедиме за сите домашни, мали и средни претпријатија кредити во износ од 15.000 евра со камата од само еден отсто, за да можат тие да се развиваат, исто така да отвораат нови работни места, да нудат подобри услови за работа за сите свои вработени – истакна Радмила Шекеринска во изјава за медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...