fbpx

Шекеринска ги награди припадниците на АРМ кои учествуваа во гасењето на пожарите летово

-

Припадниците на Армијата кои учествуваа во справувањето со пожарите кои летово ја зафатија Северна Македонија, денеска беа наградени со парични награди и стимулативни мерки, информираат од Министерството за одбрана.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на почетокот од своето обраќање во касарната Илинден, ги повика припадниците на Армијата со едноминутно молчење да оддадат почит на жртвите во несреќата во Бугарија.

„Секој граѓанин на Северна Македонија сочувствува во оваа тага. Секој припадник на Армијата кој толку пати досега помогнал да се сочуваат животите на нашите граѓани, да се спречи поголема катастрофа, тагува можеби уште посилно бидејќи во таа трагедија – никој од вас немаше шанса да помогне. Но секогаш кога имавте шанса, таа шанса ја користевте и бевте први во помош кон своите сограѓани“, рече министерката.

Таа изрази благодарност до сите припадници на Армијата кои летово на 13 локации во Кочани, Берово, Делчево, Куманово и секаде каде што беа потребни, од копно и од воздух беспоштедно се вклучија во гасењето на пожарите.

„Благодарност што на сите тринаесет локации каде пожарите се закануваа покажавте дека сте вистински луѓе со принципи, со интегритет и со многу храброст. Војници со цврст карактер и со силна мотивација“, рече министерката.

За својата професионалност и успех во справувањето со пожарите, на над 1.000 припадници на Армијата им беа доделени парични награди, наградно отсуство или пофалници. Но, наградите не беа мотивот за храброста и пожртвуваноста на припадниците на Армијата, туку нивниот даден збор во службата кон државата и граѓаните, порача Шекеринска.

„Знам дека тоа што го правевте и жртвата која ја преземавте, не го правевте ниту за пари ниту за пофалници ниту за слободни денови, туку заради вашиот збор, дека ќе служите и ќе сторите се за да ја заштитите државата и да ги одбраните нејзините луѓе. Ова денеска не го правиме ниту за пари ниту за пофалници ниту за слободни денови, туку заради тоа што вашиот збор и вашата служба бара ние да го држиме и нашиот збор и да ја оправдаме нашата служба“, изјави министерката.

Таа уште еднаш, во име на целата Влада им се заблагодари, затоа што силно и храбро припадниците на Армијата стоеја сите заедно кога имаше потреба од храброст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...