fbpx

Шах и бриџ на Олимписките игри во 2020 година?

-

Бриџ, шах, влечење јаже се дел од 26 спортови што аплицирале да бидат вклучени како натпреварувања на Летните олимписки игри во Токио, во 2020 година.

Воздушни спортови, флорбол, летечки диск, сумо, поло, ориентирање, корфбол, танцување, рекетбол, спортови со ролери, вејкборд и вушу, исто така, испратиле формални барања да бидат дел од програмата на игрите.

Инаку, флорбол е еден вид хокеј, кој се игра во сала, додека вушу е спорт произлезен од традиционалните кинески боречки вештини.

Меѓу спортовите, апликанти се и некои веќе популарни спортови, како американски фудбал, карате, сквош, нетбол.

Вклучувањето на бриџот и на шахот, според некои коментари, ќе им овозможи и на повозрасни лица да учестуваат и да се борат за медал на Олимписките игри.

Највозрасен ностител на олимписки медал е Швеѓанецот Оскар Свон, кој на 72-годишна возраст го освоил сребрениот медал во дисциплината стрелање на Олимписките игри во Антверпен, во 1920 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...