fbpx

Сензационалистичко ширење паника за коронавирусот

-

Текстот „Медицинска сестра од Вухан: Не излегувајте, не одете по забави, не јадете надвор, со коронавирусот се заразени 90.000, а не 2.700“ претставува ширење паника во јавноста, и е штетен сензационализам оти само пренесува непроверени материјали, пишува „КриТинк“.

Објавувајќи го овој текст, медиумот непотребно шири паника, не ја проверил вистинитоста на тврдењето, туку само изнел поединечно мислење, создавајќи штетен сензационализам.Притоа ги прекршил членовите 8 и 13 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Оваа мултимедијална статија несомнено, на прв поглед, претставува атрактивно четиво, поради преокупацијата на македонската јавност, паралелно со светската, за епидемијата што би можела да стаса насекаде. Главниот момент во текстот е дека некоја медицинска сестра од Вухан, каде што е жариштето на епидемијата со новиот корона вирус, порачала дека бројот на заразени е повеќе од 30 пати од бројката што официјално ја соопштува кинеската влада.

Ако претпоставиме ека оваа Кинезинка е искрено уверена во тоа што го кажува – од видеото гледаме дека станува збор за медицинско лице кое носи скафандер – тоа сепак не значи дека таа жена ги има вистинските информации. Најверојатно работи со пациенти, но тоа е веројатно само во една болница, па дури и да работи постојано на терен, не може да има целосни, туку само делумни согледувања. Дополнително, и да добива сознанија од колеги за оние работи што не ги посведочила самата, па потоа да ги комбинира податоците, повторно нема гаранција дека правилно „собрала два и два“. Оти можеби работи само во градот Вухан и нема контакти со колеги во самата провинција Хубеи, а да не зборуваме за цела Кина!“, пишува „КриТинк“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...