fbpx

Седум студентски домови ќе штедат енергија и помалку ќе загадуваат од греењето

-

24,8 милиони евра ќе се инвестираат во Проектот за енергетска ефикасност на македонските студентски домови. Со претстојниот зафат ќе се изврши промена на крововите, прозорците и вратите, изведба на нова фасада, поставување на нови грејни тела и промена на електричната инсталација во седум студентски домови низ земјава. Станува збор за кредит во висина од 20 милиони евра од германската КфВ банка, додека од ЕУ преку Регионалната програма за енергетска ефикасност се обезбедени неповратни средства од 4,8 милиони евра.

Договорот за подигање на грантот од германската КфВ банка беше потпишан денес од страна на министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорот за енергија и мобилност во КфВ банката Пабло Обрадор. Со проектот ќе биде опфатена реконструкцијата на студентските домови: Народен херој Орде Чопела – Прилеп, Кочо Рацин – Битола, Никола Карев – Охрид, Браќа Миладиновци – Штип, Томе Серафимовски Сениќ – Скопје, Пелагонија – Скопје и Кузман Јосифовски Питу – Скопје.

Директорот за енергија и мобилност на КфВ Пабло Обрадор на денешната прес – конференција спомена дека преку Проектот за енергетска ефикасност на студентските домови ќе се намали годишната потрошувачка на енергија кај овие објекти за околу 40 отсто, што пак ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид за околу 2.400 тони годишно. 

Според податоците од Националната програма за енергетска ефикасност, во нашата земја се регистрирани вкупно 2.441 јавни објекти. Кај најголем дел од нив не се имплементирани никакви мерки за енергетска ефикасност, што доведува до голема потрошувачка на енергија кај овие објекти и загадување на воздухот поради користењето на грејни тела на дрва, нафта и слични горива во зимскиот период.

Покрај со овој кредит за енергетска обнова на студентските домови, актуелната влада со кредит од Светска банка планира да изврши дополнителна реконструкција на околу 100 јавни објекти низ целата земја во периодот до 2025 година. Македонија е една од ретките европски земји што нема донесено Закон за енергетска ефикасност, ниту пак има формирано национален Фонд за енергетска ефикасност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Семејно насилство: Најголем дел од жртвите се жени, само 24 отсто од пријавените завршиле на суд

Примените пријави за семејно насилство во 2022 година пораснале за дури 61 отсто во споредба со 2018 година. Во 2022 година бил регистриран 61 случај на семејно насилство на...