fbpx

Сè уште не се знае кој стои зад нападот на автобусот на ФК „Борусија Дортмунд“

-

Германската полиција сè уште не знае кој стои зад нападот со експлозив на автобусот на фудбалскиот клуб „Борусија Дортмунд“, во кој е повреден фудбалерот Марк Бартра, кој со лесни повреди е пренесен во болница.

Полицијата наведе дека станува збор за „сериозни експлозивни направи“, но не откри детали за каков експлозив станува збор и дали баш автобусот бил мета.

– Засега не е јасно што е заднината на ова дело. Мораме да ги разгледаме сите опции и поради тоа ги ангажиравме сите сили кои се подготвени за вонредни ситуации – изјави шефот на дортмундската полиција, Грегор Ланге.

Државната обвинителка Сандра Лике рече дека имаат одредени траги.

– Можам да кажам дека во близина на местото на експлозијата е пронајдено писмо, но во интерес на истрагата, која е во тек, не можам да ја открија неговата содржина. Во моментов ја утврдуваме автентичноста – рече Лике.

Генералниот директор на германскиот фудбалски клуб, Ханс Јоахим Вацке, изјави дека добил известување од полицијата дека експлозивот бил скриен во грмушка, кај излезот од хотелот и дека бил активиран кога автобусот минувал. Вацке рече дека сите се „целосно шокирани“ поради тоа што се случило.

Портпаролот на клубот, Саша Флиге, рече дека повредениот играч е згрижен.

– Марк Бартра е опериран поради фрактурите на десната рака и има повеќе парчиња кои му ја разориле раката. Што се однесува до тимот, се слушнав со капитенот и ми рече дека е во шок и дека мислат на Марк. Сите се надеваме дека бргу ќе закрепне – додаде Флиге.

Натпреварот од Лигата на шампиони во Монако денеска е одложен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...