fbpx

СДСМ: Заврши времето на „крадоначалниците“ на Груевски

-

Криминалните политики на Никола Груевски доживеаја пораз на централно, а сега следува пораз и на локално ниво, стои во реакцијата на СДСМ на обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ до кандидатите за градоначалници.

„Со своето арогантно однесување, како продолжена рака на Груевски, „крадоначалниците“ од ВМРО-ДПМНЕ не покажаа слух за потребите и за интересите на граѓаните туку дејствуваа како клинети на корупцијата за нивниот шеф. Заврши времето на „крадоначалниците“ на Никола Груевски. На општините им е потребен концепт за враќање на животот во секое населено место, во секој град“, стои во соопштението на СДСМ.

Оттаму порачуваат дека на претстојните локални избори граѓаните ќе изберат нови локални власти предводени од СДСМ кои ќе донесат „нов и чесен пристап за развој на општините“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...