fbpx

СДСМ: Вељаноски лаже, може да свика седница и нека не се надева дека Иванов ќе го спаси

-

Трајко Вељаноски лаже. Тој може и мора да свика седница за поведување постапка за утврдување одговорност на Ѓорге Иванов, реагираат од СДСМ на соопштението на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во кое се вели дека нема уставна можност да свика седница за разгледување на иницијативата на опозицијата.

„Ѓорге Иванов со неговата одлука за заштита на криминалците од власта за кои СЈО има отворено истраги, ги погази Уставот, законите и достоинството на граѓаните, што е државен удар. Ударот врз правниот поредок од Ѓорге Иванов е сериозна потреба за свикување на Собранието. Вељаноски по којзнае кој пат ги крши надлежностите, Уставот, законите, деловникот, со што само го потврдува тоа што јавноста го знае, дека и тој е дел од злосторничкото здружување против Македонија. Мандатот на пратениците, според член 15 од Изборниот законик, трае до денот на верификација на мандатот на новоизбраните пратеници, а во согласност со Уставот, Собранието е во постојано заседание“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ дополнуваат дека не може Вељаноски да ја спаси криминалната банда на Груевски и дека претседателот на Собранието напразно се надева дека одлуката на Иванов може да го спаси.

„Затоа Вељаноски бега од закажување седница за разрешување на Иванов. Криминалната банда која не сака да ги врати кај граѓаните украдените пари, не може да избега од правдата со одлуката на Иванов, ниту со помошта на Вељаноски, кои се нивни соучесници. Криминалците ќе одговараат за криминалот. Ќе одговараат и соработниците“, пишува во реакцијата на опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...