fbpx

Пандов: Не смее да има помилување за криминалци како Заев и Верушевски

-

Неколку стотици граѓани денеска се собраа пред Собранието, како што велат, да изразат револт поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува Зоран Заев и Зоран Верушевски.

Организатор на протестот е Граѓанското движење за одбрана на Македонија ( ГДОМ ), а на импровизираната бина говореа актерот Тони Михајловски и аналитичарите Александар Пандов и Александар Даштовски.

Михајловски рече дека не може да има милост за најголемите крвници на Македонија, Заев и Верушевски.

Пандов пред граѓаните истакна дека тие не прават контрапротест туку само се собрани против одлуката за аболирање криминалци.

Протестот засега е мирен. На само неколку стотини метри сè уште трае протестот пред народната канцеларија на претседателот Иванов, а граѓаните бараат негова оставка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...