fbpx

„Бомба“ од Центар: Груевски нарачува да му удрат шамари на Жерновски

-

Претседателот на општинската организација на СДСМ од Центар, Саша Богдановиќ, на прес-конференција во скопската населба Капиштец рече дека денешните разговори потсетуваат на заглавените лифтови, на издупените гуми, на скршените штабови, на крадењето избирачки материјали, на човечињата од Пустец и на многу нерегуларности и закани во изборниот период.

– Знам дека сега ќе освоиме уште една победа за Центар. За една недела од сега центраци ќе бидат исправени пред првиот референдум во општината за зачувување на автентичноста на ГТЦ, на 26 април. Тоа не е само референдум за ГТЦ, тоа е референдум за слободата, референдум за демократијата и раферендум против Никола Груевски. На 26 април ќе ја слушнете најсилната „бомба“ досега – тоа ќе биде „бомба“ на граѓаните и „бомба“ која ќе ги зачува автентичните темели на ГТЦ и на сите нас. Ќе слушнете кој е болниот ум кој стои зад проектот „Скопје 2014“. Тоа е премиерот Никола Груевски. Кој го брише и го црта нашиот град – рече Богдановиќ.

Меѓу аудиоснимките што беа објавени на прес-конференцијата денеска, имаше таква на која се слуша како Миле Јанакиески и Никола Груевски разговараат за тоа што, наводно, пред да се објави огласот за Офицерскиот дом, авторот ја сменил сликата на тоа како треба да изгледа. Груевски му објаснува на Јанакиески дека новиот лик не бил по сликата што била од Коста Мазгалоски. Јанакиески му вели дека ја има сликата и дека ќе му ја даде. Тие се договараат и за датумот до кога треба да биде готов нацрт-проектот. Груевски го прашува Јанакиески колку е сигурен дека до 12 април заинтересираниот мора да извади одобрение за Офицерски дом.

Во следниот разговор со Миле Јанакиески, Груевски му вели дека „со Али баба нема договор“, дека нема ништо на повидок, но дека во неговиот мандат сака нешто да изгради. Тие разговараат и за шпанските скали, а Груевски инсистира да се прави кратката варијанта затоа што тоа би чинело 45 милиони, а долгата варијанта повеќе.

Тие разговараат и за муабетот на Јанакиески со Aлек, кој, наводно, не сакал да купи уште еден плац на плоштадот за да не речат луѓето дека купил сè.

Во последниот разговор Миле Јанакиески и Никола Груевски зборуваат за некоја одлука на Уставен суд. Груевски инсистира градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, „да изеде едно пет-шест шамари пред камери“. Му вели: „да влезат граѓани и еден да дојде да му удри три шамари, јаки, и да си излезе“.

„У петок ќе му собереме едно 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, пошо нели имаат право граѓани да влезат, па да видиме да размислиме дали еден да стане и едно три-четири шамари јаки да му врзе пред сите. Не може ништо да му се напраи, нема тешка телесна повреда тука за кривична, има прекршочна само“, се слушна на снимката.

На крајот од собирот Жерновски рече дека досега на премиерот му се обраќал со „Вие“, а од денеска ќе му се обраќа со „ти“.

– Ти не си чесен, ти си политичар кој само размислува и работи за провизии за пари. Ти не работиш 24 часа, туку си во комби и бараш погодни плацеви за тебе и за твојата фамилија. Ова што ми е чудно е што не научи една работа. Врзан шамар од политичките противници не боли толку колку шамарот од граѓаните на Центар и на Република Македонија. Ти народ не донесе да ја браниш општина Центар, туку за да ги заштитиш своите плацеви. Ти, Никола, доби пет шамари на изборите. Ти петпати изгуби во општина Центар. Знај дека најголемиот шамар допрва ќе те стигне. Ти градиш споменици и скулптури, ние градиме градинки и училишта, ти сечеш дрва, ние садиме, ние не сме како тебе да не ги прашаме граѓаните како да се потрошат половина милијарди евра за „Скопје 2014“. Да ти кажам дека твојот сон за да се одвоиш од граѓаните со ѕид нема да ти се оствари, туку ти наскоро од граѓаните ќе се одвоиш преку решетки – рече Жерновски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...