fbpx

СДСМ: Правото на граѓаните за фер и демократски избори е неприкосновено

-

Груевски и неговите соработници не можат да се спасат од „Вистината за Македонија“ и од одговорноста за обелоденетите злодела што ѝ ги правеле на државата, реагираат од СДСМ на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на трибината во СЦ „Борис Трајковски“.

„Правото на граѓаните да го дадат својот глас на фер и демократски избори е неприкосновено и СДСМ тие услови ќе ги овозможи во Република Македонија. Очајот на Никола Груевски се виде во лицата на принудно донесените граѓани, на коишто се читаше здодевност и во пораката „или си присутен или утре не си на работа“. Се виде и преку неговиот говор со исти тези и со исти реченици, со коишто неуспешно се обиде да го покрие неговото предавство. Груевски девет години ги предавал интересите на граѓаните на Република Македонија за лично богатење во илјадници квадратни метри, за остварување само на сопствените интереси: пари и моќ. За да претстави дека текот на процесите во државата од него зависат и за да си ја спаси сопствената кожа, испрати порака дека е подготвен и на продлабочување на политичката криза“, стои во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...