fbpx

СДСМ поднесе предлог-закон за укинување на екстерното тестирање

-

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Горан Сугаревски, денеска на прес-конференција кажа дека нивната пратеничка група поднела предлози за измена и за дополнување на пет закони. Како што објасни тој, три од предлозите се поврзани со екстерното тестирање, односно негово укинување, едниот е за зголемување на минималната плата од 9.500 на 11.000 денари и еден за контрола на трошењето на народни пари.

– Екстерното тестирање наместо да ја подобри состојбата во образованието, драстично ја влоши. И за децата и за наставниците. Децата претрпуваат непотребен стрес и паника што може да се одрази на нивното понатамошно здравје. Вкупната сума што треба да се потроши за зголемување на минималната плата е колку што чини панорамското тркало и затоа не сметаме дека тоа ќе биде некаков проблем. За контрола на трошењето на јавните пари, ќе побараме измена во Законот за буџет, каде што ќе се предвидат одредби со кои граѓаните ќе се информираат за тоа како се трошат нивните пари, затоа што ваков како што е сега законот, подложен е на злоупотреба и овозможува коруптивно однесување од власта. Предлозите се веќе поднесени и очекуваме сите пратеници да ги поддржат – изјави Сугаревски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...