fbpx

СДСМ: Очекуваме бргу да се донесе и пресуда против Заев

-

СДСМ реагираше на поднесениот обвинителен акт против лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во случајот „Пуч“. Според нив, одлуката на Јавното обвинителство за, како што велат, конструираниот случај „Пуч“, не е изненадување.

-Токму ние, со докази, аргументирано, објавивме под каква контрола на извршната власт е целокупниот систем во Република Македонија. Јавното обвинителство во период од 30 дена, почнувајки од 24 април, требаше да донесе одлука – или да поднесе обвинителен акт или да ја отфрли кривичната пријава на МВР за случајот што го конструираше. Одлуката, Јавното обвинителство ја донесе за само шест дена, од вкупно 30 дена што ги имаше на располагање за донесување одлука – се вели во реакцијата на СДСМ.

Од партијата понатаму велат дека „тоа што вчера, јавниот обвинител, преку адвокатите побара да му бидат доставени пасошите на притворените Соња Верушевска и Бранко Палифров, за да ја замени мерката притвор со друга олеснителна мерка на обезбедување, а сепак на крајот се донесе одлука за поднесување обвинителен акт и за продолжување на притворот, само дополнително потврдува дека одлуката е донесена од Јован Илиевски, баџанак на Сашо Мијалков, и од Марко Зврлевски, директен извршител на власта на Никола Груевски.“

– Одлуката, максимално брзо да се донесе обвинителен акт, доаѓа директно од Никола Груевски и од Сашо Мијалков, кои се фатени во уривање на уставниот поредок и злодела врз граѓаните на Република Македонија. Тоа што сега го очекуваме е бргу да се донесе и пресуда против лидерот на опозицијата и другите лица што се во притвор – се вели понатаму во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...