fbpx

СДСМ: Ниедна нарачана анкета нема да го спаси Никола Груевски од пораз

-

„Сè поголемата поддршка за СДСМ и за лидерот Зоран Заев предизвикува страв и нервоза кај ВМРО-ДПМНЕ и кај Никола Груевски. Како што вртоглаво се намалува поддршката од граѓаните за Никола Груевски, така му се потребни сè поголеми бројки во нарачаните анкети“, се вели во реакцијата на СДСМ, по анкетата на „Брима Галуп“ нарачана од неделникот „Република“.

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја загубија поддршката од граѓаните. Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се кријат со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните, завршиле во провладините медиуми за три години. Вистинската порака од граѓаните, Никола Груевски ќе ја добие на изборите, кои ќе бидат фер, слободни и демократски. Ниедна нарачана анкета нема да го спаси Никола Груевски од пораз и од одговорност за целокупниот криминал и корупција во изминатите 10 години“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...