fbpx

СДСМ: Наставниците ќе добијат современи услови за работа

-

Просветните работници наскоро ќе добијат квалитетни и современи услови за работа и заедно повторно ќе изградиме ефикасен образовен систем, се вели во честитката на СДСМ по повод Меѓународниот ден на наставниците.

„Наставниците се важен дел не само за наставниот процес, туку и за целокупниот развој на децата, но истовремено тие се категорија работници кои најмногу беа погодени од катастрофалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Секоја нова таканаречена реформа, всушност, беше нов стрес за наставнците и одеше на директна штета на целиот образовен процес. За една деценија владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, наставниците беа постојано малтретирани и шиканирани. Наместо да се посветат на работата, наставниците мора да трошат часови и часови на административни задачи што го усложнуваат наставниот процес“, се вели во соопштението.

Од СДСМ велат дека ова мора да запре.

„По демократските промени, наставниците ќе добијат достоинствени услови за работа. По промените, наставниците нема повеќе да се занимваат со екстерни оценувања и со други административни задачи кои ги дефокусираат од наставниот процес. Наставниците се премногу важен дел од целокупното општество и токму затоа тие мора да добијат повисоки плати, поквалитетни простории и помагала за работа. По промените, СДСМ посветено ќе работи на подигнување на квалитетот на целокупниот образовен систем и ветуваме дека просветните работници повторно ќе бидат горди на својата професија. Нека им е честит Меѓународниот ден на наставниците“, стои во честитката на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...