fbpx

СДСМ: Ќе обезбедиме гас за цела Македонија, за Груевски е доцна

-

Природниот гас ќе биде достапен во цела Македонија и ќе го спроведе новата одговорна влада, реагира СДСМ на информацијата за почетокот на изградбата на гасоводот на делницата Штип – Неготино, на која присуствуваа премиерот Емил Димитриев, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и директорот на Македонски енергетски ресурси, Крсте Миладинов.

„Ќе обезбедиме сите граѓани на Македонија да почувствуваат добробит од гасот како евтин и еколошки енергент, што веќе со години го имаат граѓаните на општините Струмица и Куманово. Доцна е за Груевски по 10 години што било да ветува. Појавувањето на граѓанинот Груевски на најавениот почеток на изградба на магистрален гасовод Штип – Неготино е соочување на поранешниот премиер со фактот дека тој, Никола Груевски, ја остави државата без гасоводен систем. Огромните разлики во цена, за овој најавен гасовод во споредба со почнатиот што никако да се доврши, Клечовце – Штип, поврзан со вртоглави провизии од 55 милиони евра, само ги потврдуваат сомнежите за корупција“, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата наведуваат дека најавениот нов гасовод, нелогично ја одминува ТЕЦ Неготино, што, како што велат, ја потврдува негрижата на државата кон оваа термоелектрана.

„СДСМ во својата програма како приоритети ги има и овој термоенергетски капацитет и гасот. И едното и другото ќе ги реализираме, веднаш по промените што ќе се случат во декември“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...