fbpx

СДСМ: Иванов е соучесник во злото што им се нанесува на граѓаните

-

Ѓорге Иванов нема право да се однесува тирански кон својот народ, само за да задоволи на еден човек и неговата фамилија да ги реализираат нивните криминални платформи, стои во реакцијата на СДСМ на интервјуто на претседателот за австрискиот весник „Виенер цајтунг“.

Со тоа Иванов, како што се истакнува во реакцијата, е соучесник во злото што им се нанесува на граѓаните.

„Граѓаните на Македонија имаат свои легитимни претставници во Собранието. Тоа е стабилно парламентарно мнозинство кое е власт во државата! Парламентарното мнозинство има обврска и ќе ги заштити граѓанските и државните интереси, со тоа што ќе ја формира новата реформска влада на унитарна Македонија, во согласност со деловникот, Уставот и со законите. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција. Иванов нема да ги попречи демократските процеси“, стои во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...