fbpx

СДСМ: Единствените реални инвестиции на Груевски се парцелите, „мерцедесот“ и провизиите

-

„Во август минатата година, Никола Груевски фрли лопата и најави изградба на нова индустриска зона во Радовиш. Денеска, по цели 15 месеци, наместо индустриска зона во Радовиш стои празно земјиште со по некоја прокопана дупка. И толку. Ниту има нови фабрики, ниту има нови работни места“, обвини СДСМ преку соопштение.

„Ова е уште еден доказ за виртуелните индустриски зони со кои предизборно се расфрла Никола Груевски, неуспешно обидувајќи се да ги манипулира граѓаните. Бидејќи Груевски најави дека Владата ќе инвестира 11 милиони евра во оваа виртуелна зона, сега тој треба да одговори каде се парите?“, прашуваат од СДСМ.

Во соопштението на опозицијата се вели дека единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски се парцелите на Водно, „мерцедесот“ од 600.000 евра, очилата од 60.000 долари, провизиите, тендерите за споменици вредни 630 милиони евра.

„Граѓаните не му веруваат на Никола Груевски. Дури и Народна банка објави дека во третиот квартал од оваа година, во Република Македонија влегле само 8,5 милиони евра странски инвестиции. Со објавувањето на овој најнов податок, Народна банка и официјално ги потврди виртуелните странски инвестиции на Никола Груевски со кои виртуелно се расфрла пред заминување“, реагира СДСМ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...