fbpx

СДСМ: Добрата вест е што Груевски нема да биде премиер во 2016 година

-

„Добра вест за граѓаните на Македонија е што Никола Груевски нема да биде премиер во 2016 година. Не само што нема да биде премиер, туку Никола Груевски нема да има никакво учество во политичкиот живот“, реагираат од СДСМ по најавата на Груевски за зголемување на пензиите и на социјалната помош.

„Со елиминирањето на корупцијата и на криминалот, што годишно ја чини државата 400 милиони евра, новата влада на СДСМ реално, без задолжување на идните генерации, ќе го зголеми двојно стандардот на пензионерите, примателите на социјална помош и на сите граѓани што живеат тежок живот, во ограмна сиромаштија и тоа во рок од еден мандат. Со доаѓањето на новата влада на СДСМ на сите граѓани, а особено на пензионерите и на примателите на социјалната помош, ќе им биде предочено дека стотици милиони евра што им припаѓале ним, Груевски и фамилијата ги присвоиле на своите сметки. По катастрофата што ја предизвика, осиромашувањето на граѓаните, економското уништување на земјата, криминалот и корупцијата, Никола Груевски не може ништо да најавува, освен своето заминување“, стои во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...