fbpx

Сашо Коруновски, нов ректор на битолскиот универзитет

-

Aктуелниот декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, проф. д-р Сашо Коруновски, е избран за нов ректор на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“.

Противкандидат на Коруновски, беше проф. д-р Јованка Тутеска од Високата медицинска школа од Битола и од Научниот институт за тутун од Прилеп. Од вкупниот број гласови на сенаторите (43), Коруновски освоил 26 гласа, а Тутеска 17 гласа.

Четиригодишниот мандат на позицијата ректор, проф. д-р Коруновски ќе го почне на 1 октомври 2015 година, а дотогаш ќе остане на позицијата декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...