fbpx

Русија се подготвува за улични борби во Херсон, претставник на Кремљ во посета на градот

-

Првиот заменик-началник на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин, Сергеј Кириенко го посетил окупираниот град Херсон, пишува весникот Гардијан. Кириенко го посетил пристаништето во Херсон, од каде што се извлекуваат стотици жители од овој град на левата страна од реката Днипро (Дњепар) и на полуостровот Крим. Русија веќе ги повика жителите да се евакуираат, додека оние што ќе останат во градот се повикани да се приклучат на локалната полиција.

Украинските власти ги предупредија жителите од Херсон да не ги слушаат повиците на руските окупациони власти, но и додадоа дека руските сили немаат намера да се повлечат од овој град. Руската војска веќе се подготвува за улични борби во Херсон, а самите про-руски власти соопштуваат дека се утврдуваат на позиции надвор од градот, но и поставуваат заштитни вреќи со песок на првите катови од зградите.

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај вели дека Русија најверојатно веќе почнала да ги користи мобилизираните резервисти на десната страна од реката Дњепар, каде што се наоѓа градот Херсон и во чија близина се водат борби изминатиов период. Во изминативе шест недели, руските сили преминале во дефанзивна состојба на фронтот, најверојатно поради недостигот на војници и слабата обука на нејзините сили, пренесува Гардијан.

Украинските власти информираат дека најмалку четири цивили загинале во изминатово деноноќие во Донецкиот регион како резултат на руските воени дејствија, пренесува Укринформ. Тројца од загинатите цивили се од Бахмут, а едно лице го загубило животот во Свјатохирск. Во руските напади биле повредени и девет цивили. Како последица на руските напади, низ цела Украина во изминатово деноноќие регистрирани се 10 загинати цивили.

Руските сили во изминативе 24 часа извршиле ракетирања на градот Миколаив на југот на Украина. Истреланите ракети погодиле трикатна административна зграда и висококатница, при што едно лице било повредено, јавува Укринформ.

Во регионот Миколаив биле гранатирани и други населени места, додека во Днипропетровскиот регион биле погодени градовите Никопол, Марханец и Червонохрихпривка. Десетици куќи биле оштетени во овие населени места, при што била оштетена и електроенергетската мрежа што предизвикало прекини во снабдувањето со струја, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...