fbpx

Фондација Метаморфозис на конференцијата „Дигитални вештини за граѓански ангажман“

-

На 27 октомври, Фондација Метаморфозис беше дел од конференцијата „Дигитални вештини за граѓански ангажман“ организирана од страна на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА) и Центарот за социјални иновации Блинк 42-21. Конференцијата беше посетена од заинтересирани млади лица од средни училишта и професори кои биле дел од проектот.

Воведни обраќања имаа претседателката на МААА, Верица Јорданова, Марлен Нис, службеник за односи со јавност во Амбасадата на САД во Северна Македонија и Милан Танчески, извршен директор на Блинк 42-21. Како говорник на конференцијата, свое онлајн обраќање имаше и Никос Панајоту, вонреден професор на Факултетот за новинарство и масовни комуникации на Универзитетот Аристотел во Солун и претседател на DCN Global.

По воведните обраќања, следеше презентација на иницијативите реализирани преку проектот, проследена со панел дискусија за важноста на дигиталните вештини, статусот и можностите за образование и усовршување во Република Северна Македонија. Модератор на дискусијата е Бојан Кордалов, експерт и член на МААА, а како панелисти учествуваа Милан Танчевски – извршен директор на Блинк 42-21, Весна Ивановска – потпретседателка на Управниот одбор на МАСИТ, Дејан Златковски – проект менаџер во УНДП, Азир Алиу – универзитетски претставник и извршен директор на Центарот за идни вештини од Тетово, д-р Димитар Јовевски – професор на катедрата за е-бизнис на Економски факултет, и Мила Јосифовска Даниловска – програмски координатор во Фондацијата „Метаморфозис“.

Во дискусијата, претставничката на Метаморфозис најмногу се осврна на важноста за усовршување на дигитални вештини кај сите граѓани а особено младите, бидејќи секојдневно се појавуваат нови дигитални достигнувања кои носат нови можности за работа со зголемена продуктивност и поефикасно испорачување на услуги.

“Во последниве години стана очигледно дека ако не ја прифатиме технологијата и доколку не ги прилагодиме соодветно своите вештини и навики, ризикуваме да останеме заборавени и вплеткани во дигиталниот јаз. Пред некое време сретнав многу интересен поглед на Дарвиновата теорија за еволуцаја наречен Дигитален Дарвинизам, според кој врстите кои преживуваат не се тие што се најсилни или најпаметни, туку тие што се најприлагодливи на промени – сметам дека тоа е применливо и во овој случај ” – заклучи таа.

Јосифовска Даниловска исто така се осврна и на важноста на дигитално описменување на целото население за да тие активно да ги почувствуваат придобивките од дигитална трансформација. Паралелно со дигитално описменување, таа порача дека мора да се работи и на колективната свест за придобивките од користењето на дигиталните технологии, со истакнување на ризиците кои произлегуваат од нивно неправилно користење. Во насока на градење на своите дигитални вештини, како завршни препораки, Јосифовска Даниловска им препорача на младите да истражуваат, да бараат и да бидат гласни со своите барања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...