fbpx

Родерик Мур: Македонија и Западен Балкан треба да бидат интегрирани во НАТО

-

САД сакаат сите земји од Западен Балкан да бидат интегрирани во НАТО затоа што тоа ќе биде од полза за целиот регион, оцени американскиот амбасадор во Бугарија, Родерик Мур.

Како што јавува бугарската новинска агенција БГНЕС, амбасадорот, сепак, одбегна директно да одговори на прашањето дали е време членството на Македонија во НАТО да биде извадено од замрзнувач, особено денес, кога регионот се наоѓа на линијата на фронтот меѓу Истокот и Западот.

– Можам да зборувам само за политиката на САД, не на целата алијанса. Со години САД сакаат да ја видат Европа, како што велиме, „цела, слободна и во мир“, бидејќи гледаме дека земјите што влегоа во НАТО и во ЕУ пред години, имаат големи придобивки од ова членство и би сакале ширење на овој тренд и врз земјите кои сè уште се надвор од овие организации, вклучително и на Западен Балкан. Алијансата има долгогодишна политика, преку која се стреми да ѝ помогне на Македонија да влезе во НАТО. Долготрајниот спор за името со Грција може да се реши. Всушност, мислам дека сите земји од Западен Балкан ќе бидат интегрирани во НАТО, од што корист ќе има целиот регион, а и алијансата – рече категорично американскиот дипломат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...