fbpx

Републиканците победија на меѓуизборите во САД

-

Републиканците однесоа победа во двата дома на американскиот Конгрес на вчерашните меѓуизбори, освојувајќи мнозинство во Сенатот, како и во претставничкиот дом.

Републиканците освоија сенаторски места во Арканзас, Колорадо, Ајова, Монтана, Северна Каролина, Јужна Дакота и во Западна Вирџинија, кои досега ги држеа демократите, јавија светските агенции. Републиканците со тоа си обезбедија најмалку 52 гаса во сточлениот Сенат.

Резултатите од изборите значат дека новиот состав на Конгресот од јануари ќе биде под целосна контрола на републиканците, кои ќе ги предводат сите одбори во двата дома на Конгресот и ќе ја одредуваат законодавната агенда. Тоа, според аналитичарите, ќе претставува сериозен проблем за американскиот претседател и демократ Барак Обама во текот на следните две години од претседателствувањето.

Републиканците однесоа победа и во изборната трка за гувернер на Флорида и на Висконсин, каде демократите беа убедени дека ќе им зададат удар на противниците.

Американците на меѓуизборите, кои се одржуваат на средина на претседателскиот мандат, избираат 435 члена за Конгресот, 36 од 100 члена на Сенатот и гувернери на 36 од 50 сојузни држави.

Повеќето аналитичари, уште пред изборите, предвидоа дека републиканците ќе ја однесат победата поради слабата популарност на претседателот Обама, која, според последните истражувања, опадна под 40 проценти.

Лидерот на сенатското мнозинство во заминување, демократот Хари Рид, оцени дека пораката од изборите е јасна: „сакаат заедно да работиме“.

Републиканската контрола над Сенатот ќе резултира со силни напади од партијата поради буџетскиот дефицит и нов притисок брз демократите да се согласат за значајни промени во законот за здравствена заштита, едно од главните достигнувања на Обама.

https://www.youtube.com/watch?v=MVc1vZeQj0U

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...