fbpx

Регистрирани 792 нови ковид-случаи, 44,6 отсто од тестираните се позитивни

-

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часa направени се 1.774 тестови, а регистрирани се нови 792 случаи нa ковид-19. Според овие бројки, 44,6 отсто од тестираните се позитивни, што е досега највисок процент во последниот период.

Од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се 203 реинфекции, а регистрирани сe и 317 оздравени пациенти. Во министерството информираат дека во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица.

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од системот на „Мој Термин“ се регистрирани две починати лица од Скопје (79г) и Гостивар (75г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 14 до 18 јули“, информираат во министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 2.102.378 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595.

Напишете коментар

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Download Nulled WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download Nulled WordPress Themes
free online course
download coolpad firmware
Premium WordPress Themes Download
lynda course free download