fbpx

Годинава „Манаки“ ќе се фокусира на пионерската работа на кинематограферите

-

Оваа година во периодот од 20 до 27 август ќе се одржи 43. издание на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“, во Битола. На денешната прес-конференција која се одржа во хотел „Парк“, директорот Симеон Мони Дамевски најави дека годинава симбол на „Браќа Манаки“ ќе биде Ентони Дод Ментл, кој се смета за пионер на дигиталната камера и е првиот оскаровец кој добил Оскар за филм снимен со дигитална камера.

„Тој е сестран кинематографер со документарни остварувања на дигитални долгометражни, краткометражни филмови. Како и браќата Манаки, е вистински пионер во својата област. Тој ќе ни дојде и ќе биде гостин во Битола, ќе ја прими наградата која е симболот и знакот на нашиот фестивал“, рече Дамевски.

Тој најави дека годинава ќе имаме филмски и телевизиски ѕвезди од Австрија, Турција, Хрватска. Ќе има и многу журки, многу концерти, филмови, презентации, многу мастер класови од големи ѕвезди, како што е Дарија Д`Антонио, добитничка на „Златна палма“.

„Годинава Битола го спасува Манаки. Благодарение главно на битолчани како финансиски поддржувачи и како вработени, фестивалот е дефинитнво и конечно битолски. Фестивалот ќе изобилува со програми и ревијални и натпреварувачки. Имаме 14 играни филмови, 12 во кратката програма, ја враќаме документарната програма, студентската програма повторно ја враќаме, ќе имаме гости од светски академии за филм и мак корнер програмата“, додаде директорот.

Селекторот на долгометражната програма, Слаѓан Пенев откри дека годинава ќе има премиера на наш филм, односно „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристевски.

„Тој веќе играше на „Слемденс“ и заслужува да биде и на нашиот фестивал. Вториот филм е „Мими“, имаше премиера на „Синедејс“. Тој вреди и треба да биде на нашиот фестивал. Ова е место на кое треба да се промовираат и наши филмови“, рече Пенев.

Во рамки на долгометражната програма годинава ќе има 14 филмови, односно ќе има и по два и по три филмови во една вечер во големата сала во Домот на културата во Битола.

Ѓорѓи Пулевски, селекторот на студентската програма, кажа дека се избрани 18 филмови од 17 земји.

„Студентската програма ја нарекуваме „Први чекори“. Тоа е една визија на фестивалот „Манаки“, во која ние го гледаме фестивалот како едно семејство, како една отскочна даска на младите кинематографери, па кога понатаму во животот ќе станат малку попознати, ќе се враќаат со носталгија овде, каде што за прв пат биле препознаени со својата работа“, рече Пулевски.

Тој информира дека студентската програма се трансформира од ревиајлен, во натпреварувачки карактер.

„Добивме филмови од најголемите филсмки академии, „London film school“, „Film academy“ Виена, „FAMU“ во Чешка, „School of cinematography“ во Шпанија. Многу драго ми е што имаше таква респонзивност од академиите и се надевам дека следната година ќе ја прошириме оваа програма. Победникот ќе добие кристална камера 300“, информира Пулевски.

Селекторката на документарната програма, Кумјана Новакова рече дека „Манаки“, е многу важен фестивал за виталноста на нашето општество.

„Имаме многу други културни иницијативи, но „Манаки“ е со најдолго искуство и традиција. Има посебна одговорност да биде простор на креативна храброст и простор на промени. 70 отсто од селектираните филмови ги потпишуваат жени авотрки. Женскиот сензибилитет претставува промена на традицијата со која сакаме конечно да раскинеме и да расчистиме. Имаме 10 филмови од документарната натпреварувачка програма“, рече Новакова, која додаде дека жирито на документарната програма е составено од жени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...