fbpx

Регистрирани 198 нови случаи на ковид-19, 97 оздравени лица и четворица починати

-

Mинистерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19, и тоа во Скопје – 83, Куманово – 12, Дебар – 1, Штип – 21, Прилеп – 2, Тетово – 9, Струга – 3, Велес – 2, Битола – 11, Охрид – 3, Гостивар – 10, Радовиш – 7, Кочани – 1, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 3, Свети Николе – 27 и Кичево – 1.

Починати се четири лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четворица пациенти на возраст од 49, 61, 70 и 72 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица од: Скопје – 71, Штип – 7, Тетово – 12, Велес – 1, Битола – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Кичево – 1 и Ресен – 2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.530, бројката на оздравени пациенти е 4.565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.572.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, осум деца позитивни и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 90 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...