Конечно апликацијата Spotify е достапна во земјава и во останатите земји од регионот

Апликацијата Spotify до сега не беше достапна за граѓаните на Северна Македонија и на регионот | Фото: Photo Mix на Pixabay

На 14 јули од Spotify соопштија дека ја пуштаат во употреба нивната апликација во 13 нови држави меѓу кои е и нашата. Со овие 13 држави бројката на земји кои што ја користат оваа апликација се зголемува на 92.

Spotify е една од најпопуларните платформи за слушање на музика со над 286 милиони корисници на светско ниво и со база од над 50 милиони песни. Останатите држави кај кои што оваа апликација е новост се: Албанија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Хрватска, Казахстан, Косово, Молдавија, Црна Гора, Русија, Србија, Словенија и Украина. Целосното соопштение можете да го прочитате овде.