fbpx

Регионот против дезинформациите: НАТО не е непријател

-

Босанско-херцеговскиот сервис за проверка на факти и борба против дезинформациите и лажните вести „Раскринкавање“ во својот најнов текст пишува за дезинформации проширени во повеќе медиуми, а кои произлегле од „Независне новине“ за наводни присилувања на секс, кражби, продажба на дрога во Прифатниот центар за мигранти и бегалци во Бихаќ, БиХ.

Новинарот од „Раскринкавање“ се обидел да ги провери наводите изнесени во медиумите, при што од Меѓународната организација за миграции, по проверките, одговориле дека ситуацијата е далеку од таа што е претставена во медиумите.

Сродниот сервис во Србија, „Раскрикавање“, пак, се зафаќа со серија дезинформации во една статија на српски „Информер“ под насловот „НАТО лицемери“, во кој се тврди дека во последните 12 години НАТО на земјите-сосетки на Србија им дал опрема вредна речиси пет милијарди евра, а „на Србија и се закануваат санкции поради набавка на ПВО системот „Панцир’ од Русија.

Во долгата анализа на дезинформациите, „Раскрикавање“ пишува дека и наведените НАТО-членки од регионот, па дури и Северна Македонија и БиХ, навистина добиле помош од Северноатланската алијанса, но далеку од тој износ што се наведува. Дополнително, пишува сервисот за проверка на факти, Србија од НАТО-членките примила огромна помош, која се брои со десетици милиони долари, а од Русија, пак, само вкупно44.000 евра во парична помош и опрема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...