fbpx

Рамбо Амадеус: Ако гледате шунд, не очекувајте децата да ви завршат на Сорбона (видео)

-

Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус, кој е и амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, упати порака на сите родители, извести порталот „Истиномер вести“, а пренесе „КриТинк“.

„Кога децата ве гледаат како се ѕверите во телевизорот и гледате шунд-содржини, немојте да очекувате дека вашите деца ќе завршат на Сорбона. (…) Главна задача на родителите е своите деца, пред сè да ги запознаат со квалитетот – било кој вкалитет. Да им покажат на децата каде се наоѓа тој квалитет, како се препознава, како се користи. Оти кога детето е еднаш запознаено со квалитетот, од било која област, по автоматизам ги изострува своите критериуми. И кога детето ќе се запознае со некој квалитет, тогаш, со изострени критериуми, ќе му биде помалку интересно да се матка со нешто што е понеквалитетно, заглупавувачко или штетно,“ изјавил Антоније Пушиќ алијас Рамбо Амадеус на трибината по повод Меѓународниот ден на семејството одржана на 15 мај во Подгорица.

На истиот настан, професорката од Филозофскиот факултет во Подгорица Лидија Вујачиќ порачала дека да се биде медиумски писмена личност значи да се има критички пристап кон содржините кои се со лош квалитет, бесполезни или неадекватни за возраста, но и да се најде рамнотежа меѓу користењето на медиуми и другите активности.

„Како „водичи“ низ програмската шема, родителите би морале на своите деца да им укажата на полезните и штетните медиумски содржини, да им ја појаснат разликата меѓу реалниот свет и фикцијата, добрите и лошите примери,“ истакнала Вујачиќ.

Младите репортери од кампањата за медиумска писменост „Бираме што гледаме“ соопштиле дека ги разорачарал податокот добиен дека реалити-шоу програмите се на прво место на најбарани видео содржини од Јутјуб од Црна Гора за 2018 година кој го добиле преку истражување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...