За пет години за 100 отсто зголемен бројот на возила на дизел (инфографик)

-

Бројот на регистрирани моторни возила кои користат нафта односно дизел горива во периодот од 2012 до 2017 година пораснал од 118.109 на 233.381 возило, што е речиси двојно зголемување за период од шест години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Ако на овие податоци се надоврзе и фактот дека просечната старост на возниот парк во земјава изнесува над 18 години, тогаш станува јасно дека ќе бидат потребни илјадници црвени налепници за обележување на овие возила доколку се реализира Планот за чист воздух што неодамна го најави Владата.

Имено, Владата најави воведување еколошки налепници, кои ќе се издаваат во зависност од европските емисиони стандарди при што возилата ќе бидат поделени во три категории.

Автомобилите со вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила ќе бидат означени со еколошка налепница во зелена боја. Тие ќе може слободно да се движат во заштитените еколошки зони. За автомобилите од 1996 до 2005 година на кои им е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас, ќе се залепи еколошка налепница во жолта боја. За нив ќе има ограничено движење во сообраќајот.

За автомобилите пред 1996 година како и за возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови, ќе има налепница во црвена боја и за овие возила ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот.

Екологистите подолг период бараат да се запре увозот на стари употребувани возила, практика што беше воведена од минатата владејачка гарнитура, а што придонесе драстично да се смени возниот парк во земјава, но и да се зголеми загадувањето од издувните гасови.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...