fbpx

Рама: Ќе има избори и опозиција и без учество на Демократската партија

-

Барањето на опозицијата за формирање техничка влада е апсурдно, оцени албанскиот премиер Еди Рама во својата неделна видеопорака, објавена на неговиот официјален профил на „Фејсбук“.

Тој истакна дека единствена цел на Демократската партија е да го блокира процесот на проверка и оти протестот претставува своевиден чадор кој треба да ги заштити корумпираните политичари и судии.

Рама инсистира што е можно побргу да почне спроведувањето на судските реформи за да се ослободат Албанците од корупцијата.

Во однос на изборите, тој вели дека демократијата не сопира никого, ниту обврзува да учествува на изборите и дека опозицијата е производ на слободата. Тој порача дека никој не треба да се плаши дека Албанија ќе остане без опозиција.

Демократската партија веќе 45 дена протестира и бара формирање техничка влада, која ќе осигури слободни и фер избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...