fbpx

Работните групи договорија да има промени во МРТВ, МИА и во Агенцијата за медиуми

-

Политичките партии на денешната средба на работната група, договориле рамка во која ќе се прават реформите во медиумите и се договориле тоа да го завршат до 20 овој месец.

Како што велат од работните групи, ќе се разгледуваат прашањата за Агенцијата за медиуми, МРТВ, Закон за медиумите и за Македонската информативна агенција.

– Нашите позиции ќе ги образложиме на работната група, но по исполнување на оваа обврска од договорот, очекувам да добиеме медиуми што ќе известуваат во согласност со законската поставеност и во согласност со новинарската етика и стандарди. Тоа мора да се постигне бидејќи претставува основа за фер и демократски избори – вели Роберт Поповски, член на работната група од СДСМ.

Се очекува политичките партии да договорат нов состав за советот на Агенцијата за медиуми, да се промени раководството на МРТВ, како и тоа на МИА, со што овие тела би се ослободиле од влијанието на партијата на власт, а веројатно една од жешките теми ќе биде и забраната за политичко рекламирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...