fbpx

Работиме на затворање на спорот за името, рече Ахмети во Охрид

-

Лидерот на ДУИ и носител на кандидатската листа за пратеници во изборната единица 6, Али Ахмети, вечерва отвори партиски штаб во Охрид.

На средбата со членството и со симпатизерите на партијата, Ахмети повика на обединување на Албанците, Бошњаците, Турците и на Египќаните во оние средини каде не се во голем број за на тој начин, како што рече, да се изборат за остварување на своите интереси на локално и на централно ниво.

– ДУИ имаше голема поддршка од локалното население во Лабуништа, Октиси и во околината, а почитта се враќа со почит, така што на овие избори носител на листата на партијата е Адем Шаќири, токму од Лабуништа, кој ќе ги застапува интересите на сите заедници кои нè поддржуваат – рече Ахмети.

Ахмети им вети на националностите кои немаат правен статус, дека со нивна поддршка ќе го добијат своето место во Уставот, онака како што се чувствуваат, со право на образование, јазик и култура.

ДУИ, според нејзиниот лидер, во идниот мандат ќе работи на затворање на отворените прашања што го спречуваат напредокот на државата, како што е прашањето за името.

Ахмети го посочи зачленувањето на државата во НАТО и во ЕУ како заеднички интерес на сите, а говореше и за потребата од уредувањето на односите во регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...