fbpx

Путин: Русија и Турција сакаат да ги обноват меѓусебните односи

-

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Санкт Петербург разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за подобрување на односите меѓу двете земји кои беа разнишани откако турските воени сили во ноември минатата година урнаа руски борбен авион на територијата на Сирија.

Ердоган рече дека соработката меѓу двете земји ќе помогне при решавање на проблемите во регионот.
Путин истакна дека бил меѓу првите кои го осудиле обидот за воен пуч во Турција.

– Силно се противиме на било какви неуставни акции – рече Путин, додавајќи дека двете земји сакаат да го објават меѓусебниот дијалог и односите меѓу двете земји.

Посетата на Русија е прво патување во странство на Ердоган по обидот за воен удар на 15 јули.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...