fbpx

Путин ја суспендира спогодбата за плутониум со САД

-

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој, поради „непријателските“ потези на САД, го суспендираше договорот меѓу САД и Русија за уништување на вишокот плутониум, потпишан на 29 август 2000 година.

Со спогодбата е регулирано уништувањето на вишокот плутониум и воспоставена е забрана за негово користење за создавање нуклеарно оружје и други експлозивни направи, истражување, развој, проектирање и тестирање на такви направи или други слични цели.

Договорот беше резултат на преговорите кои почнаа по Студената војна, кога Русија и САД одлучија да го спречат користењето плутониум од демонтираните боеви глави.

Руската одлука за суспендирање на договорот е образложено со „суштинска промена на околностите и загрозување на стратешка стабилност“, непријателските акции на Вашингтон против Русија и одлуката на САД да не ги почитуваат преземените обврски, пишува руската агенција ТАСС, додавајќи дека Путин му наредил на руското министерство за надворешни работи да испрати соодветно известување до американските власти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...