fbpx

Путин и Обама разговараа за Украина, Сирија и за Иран

-

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Барак Обама, на маргините на самитот АПЕК во Пекинг, разговараа за билатералните односи, како и на темите Украина, Сирија и Иран, соопшти денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Пешков.

Како што јавува агенцијата ИТАР-ТАСС, двајцата лидери ги искористиле паузите меѓу состаноците во рамките на самитот за да остварат кратки средби.

Путин денеска на самитот во Пекинг се сретнал и со премиерот на Австралија Тони Абот, соопшти Пешков, додавајќи дека тие побарале забрзана истрага за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“, кој во јуни беше урнат над Источна Украина. Меѓу патниците во авионот имаше и многу Австралијци.

Путин и Абот, исто така, истакнале дека е неприфатливо експертите да не можат да пристапат до местото на падот на авионот, како и тоа врз нив да се пука, соопшти Кремљ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...