Проблемите во секое општетство можат да се решаваат само преку соочување со нив и со дијалог, а не со насилства или со игнорирање, порача вчера американскиот амбасадор, Пол Волерс, говорејќи во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје.
– Пред неколку недели, беа нападнати поддржувачите на ЛГБТ-центар во Скопје. Ги охрабруваме властите да спроведат истрага, да ги идентификуваат и да ги изнесат пред правдата одговорните за овој напад. Треба да испратиме јасен сигнал дека насилството никогаш не е начин за справување со разликите – истакна американскиот амбасадор, Пол Волерс.