fbpx

Протест во Белград по повод годишнината од уривањето во Савамала

-

Иницијативата „Не го давиме/даваме Белград“ (Не да(је)мо Београд) денеска под мотото „По трагите на фантомите“ организираше протест по повод годишнината од уривањето објекти во белградскиот кварт Савамала. Кон протестот се приклучија и студентите и граѓаните кои од 3 април секојдневно организираат протести „Против диктатурата“, јави дописникот на „Мета“ од Белград.

Собирот го поддржаа Воениот синдикат на Србија, Полицискиот синдикат на Србија, синдикатот „Независност“, како и повеќе други синдикати, организации и движења од Белград, Нови Сад, Ниш и од Краљево.

На местото на собирот беше поставена огромна жолта патка на надувување, а граѓаните носеа знамиња на иницијативата „Не го давиме/даваме Белград“ и транспаренти на кои беше испишано „Маските паднаа“, „Белград не е (градоначалникот Синиша) мали“, „Сорос циција“, „Народот гладува, елитата се радува“, „Против теророт на власта“…

По собирот на местото на урнатите објекти, демонстрантите се упатија кон центар на Белград, а потоа прошетаа и до зградата на Владата на Србија, како и до Собранието на град Белград.
Иницијативата „Не го давиме/даваме Белград“ досега повеќепати организираше протести поради уривањето во Савамала, барајќи оставка од министерот за внатрешни работи и од градоначалникот на Белград. Опозицијата случајот го смета за симбол за „газење на државата и првото и злоупотреба на полицијата и другите институции“.

Во ноќта меѓу 24 и 25 април минатата година, група лица со фантомки на глава, со багери урнаа неколку објекти во Савамала, на една од локациите за изградба на проектот „Белград на вода“. Досега никој ниту кривично, ниту политички одговараше за уривањето, а предметот во обвинителство и по цела година се наоѓа во предистражна фаза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...