fbpx

Пропадна првиот, ќе се распишува втор тендер за изградба на монтажни гаражи на Клинички

-

Ниту една компанија не пројавила интерес за да ги гради двете монтажни катни гаражи во Клиничкиот центар – Скопје. Од Министерството за здравство за „Мета.мк“ информираат дека ниту една понуда не пристигнала на јавниот оглас за доделување на договор за јавно – приватно партнерство, којшто беше распишан на почетокот од август годинава. Ова значи дека за неколку месеци ќе се одложи изградбата на монтажните гаражи што требаше да обезбедат дополнителни места за паркирање на оваа локација.

– Министерството за здравство, како договорен орган е во фаза на поништување на постапката и согласно законските рокови постапката ќе ја обновиме. Тоа значи дека и понатаму Градот Скопје е надлежен и стопанисува со паркингот во Клинички центар – велат од Министерството за здравство.

Двете монтажни катни гаражи треба да се градат на местото на поранешната зграда на Клиниката за гинекологија. Инвестицијата во овие инфраструктурни објекти би чинела 30 милиони денари, а со обезбедувањето на дополнителни паркинг места треба да се реши акутниот метеж во рамките на Клиничкиот центар – Скопје.

Од министерството засега не соопштуваат дали ќе има промени кај критериумите во вториот по ред јавен оглас за пронаоѓање приватен партнер за изградба на монтажните гаражи. Приватната компанија во иднина би стопанисувала со паркинг просторот, но цената за паркирање за пациентите и за вработените на Клинички центар ќе треба да ја договорат однапред со министерството во договорот за јавно – приватно партнерство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски ја заборави сопствената улога во медиумскиот сектор – извинувањето е лицемерно

На Ковачевски и на СДСМ никој друг не им е виновен што не сторија ништо позначајно реформски во медиумскиот сектор, а што било нивна должност, вклучувајќи го и тешкото...