fbpx

Продолжуваат прераспределувањата во Агенцијата за вработување

-

Агенцијата за вработување ќе продолжи со практиката на прераспределување на вработените од еден во друг град. Ова од Кочани неодамна го соопшти директорот, Влатко Поповски, според кој, овој потег бил инициран од поплаките на граѓаните за работењето на одделни Центри за вработување низ државата.

– Ќе има нови разместувања сè додека не го постигнам она што го барам во агенцијата, односно идеална работа во која секој ќе си ја добие услугата за која дошол и побарал да биде услужен. Значи, не да биде малтретиран, преместуван од канцеларија во канцеларија, јас не сум за тоа – изјави Поповски.

Четворица вработени од Центарот за вработување од Кочани повеќе од половина година секојдневно патуваат на работа во Штип, Кратово, Берово и во Пробиштип. Вработен од агенцијата во Пробиштип, пак, доаѓа на работа во Кочани.

Директорот на агенцијата, Поповски, изјави дека преку нивната веб-страница стигнувале поплаки за работењето на одделни центри по градовите и на нивните вработени.

– Полаките стигнуваат на нашиот меил, каде што граќани кажуваат дека ова не функционира, она не функционира, овој пие кафе, оној не доаѓа, овој отвора доцна на работа, така што го средивме во тој дел – изјави Поповски.

Агенцијата за вработување не е единствениот државен орган каде вработените се испраќаат на други работни места. Синдикатите реагираа на законските измени, според кои секој вработен во администрацијата може да биде испратен на работа во кој било друг град. Дел од овие прераспределувања завршуваат на суд поради оправданоста на одлуката или почесто за плаќањето на патните трошоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...